Се огласи Груевски: Жалам!
Откако деновиве на социјалните мрежи се сподели фотографија на која се гледа како се издава дуќан во Градскиот Трговски Центар без кирија, се огласи и поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
- Дуќанот се издава, 35 метри квадратни без кирија, стои во огласот на еден од празните дуќани во ГТЦ, а фотографијата го натера и Груевски да се огласи на Фејсбук.
Тој кратко напиша: Жалам!
Инаку, Република пишува дека стапиле во контакт со лицето чии телефон се наоѓа на огласот. Дуќанот е слободен неколку месеци, откако пропаднал бизнисот на претходните кираџии.
Сопственикот вели дека се изнадавал пари за одржување, а сега бара некој само да му го плаќа одржувањето кон ГТЦ АД кое месечно изнесува 12 илјади денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа