Минчев: Меѓународниот ден на Ромите е потврда за нашата заложба за правична застапеност
По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, во духот на солидарноста, еднаквоста и унапредувањето на правата на ромската заедница, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го честиташе денот и ја истакна важноста на континуирана институционална поддршка за ефективна имплементација на политиките за инклузија.
„Денес не славиме само еден датум, туку ја потврдуваме нашата заложба за правична застапеност, пристап до квалитетни јавни услуги и целосно учество на Ромите во општествените процеси.
Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање инклузивна и праведна јавна служба која ги одразува вредностите на едно демократско општество“ - истакна Минчев.
Меѓународниот ден на Ромите е потсетник за истрајноста на ромската заедница и за потребата од здружени напори во борбата против дискриминацијата, социјалната исклученост и предрасудите.
Настанот беше организиран од страна на Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, на кој присуствуваа претставници од институциите, граѓанскиот сектор, меѓународни организации и ромската заедница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа