Средба Меџити - Сецуко: Фокус на заштита на природата и квалитет на воздухот

 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба ја прими амбасадорката на Јапонија во Скопје, Н.Е. Кавахара Сецуко. 

Меџити и Сецуко ја истакнаа важноста од блиско и долгорочно партнерство меѓу двете земји, особено во областа на заштитата на животната средина. 
Меџити рече дека оваа средба е доказ за посветеноста на новата Влада за интензивирање на соработката со Јапонија и заедничко реализирање на одржливи еколошки иницијативи и зелен развој во Северна Македонија. 

Амбасадорката Сецуко ја изрази подготвеноста на Јапонија да продолжи со поддршка на проекти поврзани со заштита на природата, подобрување на квалитетот на воздухот, управување со водите и зачувување на биолошката разновидност во Северна Македонија. 

Меџити ѝ се заблагодари на Јапонија за досегашната поддршка и за експертизата што ја понуди во спроведувањето на еколошките проекти во земјата, но и во регионот, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во справувањето со глобалните прашања како што се климатските промени и зачувувањето на биолошката разновидност, ценејќи ги можностите што ги нуди ова партнерство. 

Амбасадорката Сецуко и министерот Меџити ја изразија посветеноста на двете страни да продолжат со тековното партнерство, обезбедувајќи блиската соработка да води кон подобрување на еколошките услови за сите граѓани на Северна Македонија.
07.04.2025 - 17:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега