УХМР издаде метео аларм за утре

 

УХМР издаде метео аларм за ниски температури за утре.

Времето утре наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.


Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст.

07.04.2025 - 19:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега