ВИДЕО: Колона од 20 возила со албански знамиња поминува патарина кај Гостивар без да плати
Колона од дваесетина возила со албански знамиња ја поминува гостиварската патарина без да плати. Вакво видео е објавено на социјалните мрежи, а го пренесе порталот „Скопје1“.
Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“.
По реакциите во јавноста, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото. Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.
„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина. По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.
И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и ненаказнивост. Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа