Македонската полиција сопре возач - Седнал зад волан со 2.34 промили алкохол во крвта
По полноќ на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45).
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал кумановчанецот, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол.
МВР информира дека на застанатиот возач му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа