Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема промена од 1 ноември: Црна Гора го укинува безвизниот режим
    • Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: „Мерцедес“ удри во инвалидска количка, тешко повреден маж
    • Филмска кражба во Кочани: Крадец затекнат од сопственикот додека му ја пребарувал собата
    • Брат ми дојде кај мене дома ме нападна и ми се закани – млад кавадарчанец заврши во полиција
    • Тешко повреден 24-годишник, возел мотоцикл во дворот по што изгубил контрола и паднал
    • Скопјанец измамен за над 330 илјади денари: Договорил изградба на куќа, па останал без пари и без контакт со изведувачот
    • „Внук ми ме натепа“ – Загрижен скопјанец се јавил во полиција
    • Детали за земјотресот кој вечерва ја стресе Македонија – познат епицентарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празните ветувања од СДС, со нас работниците добија реално повисоки плати

    ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празните ветувања од СДС, со нас работниците добија реално повисоки плати

    20.02.2026 во 09:41Updated:20.02.2026 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики што носат резултати.

    Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка.

    Таквата промена ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.

    Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и останатите примања.

    Денес разликата е очигледна. По две години управување со државата, не зборуваме за барања, туку за реализирани обврски.

    Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари.

    Во основното и средното образование зголемувањата се движат од 46% до 60% во период од четири години.

    Во високото образование платите се повисоки за најмалку 14%.

    Во здравството растот изнесува меѓу 40% и 50% во рамки на еден мандат.

    Полициските службеници добија покачување од 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административни, судски и обвинителски службеници имаат обезбедено раст од 40% до 2028 година.

    Колективните договори се почитуваат, а исплатата на платите е редовна.

    Инфлацијата е стабилизирана во однос на претходните двоцифрени стапки.

    Ова се системски и одржливи решенија, а не ад-хок мерки. На овој начин ја спроведуваме обврската кон работниците.

    Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.

    Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски оствари средба со Вучиќ: Акцент на регионалната стабилност и европската перспектива

    24.09.2026 во 22:18

    Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

    24.09.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.