Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: На 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи

    ВМРО-ДПМНЕ: На 2 ноември да заокружиме број 9 за развојот на општините да продолжи

    29.10.2025 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во првиот круг на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври.

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи суштинска промена во начинот на кој централната власт во државата соработува со локалната самоуправа.

    Преку поддршката која Владата им ја овозможува на општините се реализираат капитални инвестиции, се отвораат нови можности и се решаваат проблеми што со години стоеле само на хартија.

    Се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го менуваат секојдневието на граѓаните.

    Тоа е моделот на управување што го има ВМРО-ДПМНЕ, модел кој гради и обединува, а најважно носи резултати.

    Локалните самоуправи имаат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за секој граѓанин, секоја општина да има услови да напредува, независно која политичка боја ја има локалната администрација.

    Таа поддршка не значи само финансиска помош. Таа значи соработка, отворени врати, континуиран дијалог и процес во кој заедно со градоначалниците се идентификува она што им е навистина потребно на граѓаните и решенија кои се одржливи.

    На 2 ноември, имаме можност да го потврдиме овој правец.  Ги повикуваме граѓаните од Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да излезат, да изберат напредок и да го направат вистинскиот избор со заокружување на бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.