Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е едно големо градилиште, се реализираат 1.200 инфраструктурни проекти

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е едно големо градилиште, се реализираат 1.200 инфраструктурни проекти

    31.08.2026 во 09:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија денес е едно големо градилиште. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен инвестициски циклус во општините, со кој се надминуваат деценискиот недостаток на инвестиции и запоставеноста на локалната инфраструктура, се наведува во оопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Низ општините во целата држава во моментот се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата. Тоа се конкретни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните со нови и реконструирани патишта, водоводи и канализации, подобра животна средина, модерни училишта, спортски терени, културни објекти и подобри јавни услуги. Преку два јавни повици, Владата на општините им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои денес се преточуваат во конкретни капитални инвестиции со кои се развива локалната инфраструктура, но истовремено се поттикнува и домашната економија. Само преку ресорот транспорт и врски се реализираат 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари. Од нив, 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација, стои во партиското соопштение.

    Додаваат дека во областа на животната средина се реализираат 183 проекти, во вредност од над три милијарди денари.

    -Од нив, 45 се целосно завршени, а 138 се во фаза на реализација. Додека за ресорот образование одобрени се 55 проекти, со кои се инвестира во нови училишта, реконструкција на постојните објекти, училишни спортски сали и спортски терени. Седум проекти се целосно завршени, а на 48 интензивно се работи. 36 проекти во вредност од близу 770 милиони денари се одобрени за македонскиот спорт, од кои 10 проекти се целосно завршени, а 26 се во реализација, а Владата одобри и 18 проекти во културата вредни над 822 милиони денари, додека за социјалната политика се реализираат 10 проекти во вредност од над 771 милион денари. Вкупно 80 општини добија финансиска поддршка од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон патната инфраструктура, детските градинки, спортските терени и комуналната инфраструктура, велат од владејачката партија.

    -Поддршката е видлива во секој дел од државата. За општините Гази Баба и Прилеп, вкупната поддршка од двата јавни повици за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за Велес се обезбедени 9 милиони евра, додека за Неготино обезбедени се над четири милиони евра за 12 проекти, во Дебар се финансираат 26 проекти, во Битола 81, во Струмица 13, во Крива Паланка пет проекти. Тоа што е важно да се напомне е дека зад инвестициите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови. Зад проектите во животната средина стојат решени децениски комунални проблеми, додека зад инвестициите во инфраструктурата стојат подобри патишта. Инвестициите во културата значат зачувување на македонското културно наследство, додека проектите во социјалната политика значат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги. Ова е разликата меѓу празни ветувања и работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во цела Македонија, затоа што развојот и подобрите услови за живот треба да стигнат до сите граѓани без разлика на нивното место на живеење, стои во соопштението.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.