ВМРО-ДПМНЕ: Лоша е глумата на СДС, преку ден се караат со Арсовска, а на полноќ заедно поминуваат 630 милиони денари за ЈСП

„Лоша е глумата на СДС, преку ден глумат дека се скарани со Арсовска  а на полноќни седници на Совет заедно шверцуваат 630 милиони денари за ЈСП од буџетот на градот.

Дали овие 630 милиони се за нови матни зделки? Дали овие пари треба да завршат исто како и парите за набавка на гориво без рабат кај луѓе блиски до власта?

Очигледно е дека Каевски има потреба да се докажува во СДС па дури и со ширење лаги во јавност, приморан е да ги одработи парите кои ги заработил, ние немаме ништо против тоа, но нека го информираат до крај, секако доколку не им е стратегија да го бламираат, што е нивна лична работа и ги оставаме да си се пресметуваат.

Граѓаните знаат дека Скопје е под власт на тандемот Тачела, коалицијата СДС, ДУИ и Левица со Арсовска е официјална, а еве ги доказите:

-Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.

-Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.

-Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

-Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

-Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица

-Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
-Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Директорот на ЈСП е најголемиот лепак на коалицијата СДС, ДУИ и Левица со Арсовска, а тендерот за набавка на гориво тежок 27 милиони евра без рабат е составен дел од системот на Ковачевски и Арсовска.

Скопје секој ден губи заради Ковачевски и Арсовска, само од договорот за набавка на гориво, градот е оштетен за 1.5 милион евра. Народот тоа го гледа и глумата на СДС не поминува."- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
29.12.2022 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега