Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник – независниот кандидат се повлече од трката

    ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник – независниот кандидат се повлече од трката

    24.10.2025 во 16:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка, напиша Пивковски.

    – Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите – изјави Пивковски.

    „ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом.

    Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација.

    Понекогаш, вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш кога треба достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш и почитуваш.

    Свесен сум дека оваа вест ќе изненади многумина, но ја носам со мирна совест и со чувство на одговорност. Убеден сум дека ова е најдоброто нешто што можев да го направам во овој момент.

    Ќе продолжам и понатаму да бидам тука – достапен, искрен и подготвен да помогнам секогаш кога ќе има потреба. Вашата поддршка, доверба и добри зборови ќе останат нешто што длабоко го ценам“, стои во објавата од Пивковски.

    Имено повлекувањето на Сашо Пивковски од Могила е втор случај на независен кандидат кој се повлекува од изборната трка по првиот круг. Претходно, слично постапи и независниот кандидат од Македонски Брод.


    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.