Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Да бидеме јасни – Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови

    ВМРО-ДПМНЕ: Да бидеме јасни – Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови

    05.12.2025 во 21:122 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот. Кога немаат аргументи, кога фактите им се против нив, СДС бега во фантазии и хорор-сценарија. Но колку и да шират страв, вистината останува: Македонија денес е безбедна, стабилна и водена од одговорна Влада, а не од луѓе кои политиката ја разбираат како фабрика за лаги и криминално богатење.

    Да бидеме јасни, заради јавноста: Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови. Ова е уште една лага од “фабриката” на истата партија која пред само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола. Денес, тие истите глумат загрижени патриоти, реагираат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.

    Што се однесува до навредите за „предавства“, најдобро е СДС да погледне во својот двор. Тоа беше партијата што го направи најголемиот распад на институциите, најголемиот удар врз безбедноста и најголемата загуба на довербата во државата.

    Македонија не била попонижена од времето кога Заев и неговите соработници шетаа по светот со политики на капитулација и корупциски скандали. Денес, тие истите предавачи делат лекции за „суверенитет“.

    Ова што го прават е опасно: свесно лажење со цел да се креира страв. А кога политичка партија гради стратегија врз невистини, тоа значи дека нема што друго да понуди.

    СДС е во право само во едно: ова е прашање за опстанок. Но не на државата, туку на нивната партија, која повторно се потпира на страв, измислици и очајнички обиди да остане релевантна, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.