Close Menu
Press24
    Најново

    МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома:  Јавна набавка за организација на чартер-летови

    04.03.2026 во 13:12

    Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата

    04.03.2026 во 13:02

    ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб

    04.03.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома:  Јавна набавка за организација на чартер-летови
    • Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата
    • ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб
    • Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?
    • Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот
    • Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
    • (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред
    • 30 нови компјутери за училиште во Ѓорче Петров
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Али и Венко коалицираат и во опозиција – не гласаа за Сејф сити

    ВМРО-ДПМНЕ: Али и Венко коалицираат и во опозиција – не гласаа за Сејф сити

    26.01.2026 во 09:39Updated:26.01.2026 во 09:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Системот Безбеден град за дигитален надзор е дел од стратегијата на МВР за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а резултатите беа видливи уште во првите 24 часа од тест-периодот што е јасен показател дека мерката функционира, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопшение испратено до медиумите.

    На СДС изговорот им беше злоупотреба на податоци, на ДУИ затоа што немало да се спроведува на ниво на целата држава, па се здружија во опозиција со недоволно потковани причини.

    Приоритет е безбедноста на граѓаните во сообраќајот, а во првата  фаза камерите ќе бидат поставени на локации со поголем ризик, додека во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата.

    Но, сепак како пратенички групи одлучија  да гласаат против измените на Законот за прекршоци во Собранието.

    Јавноста добро памети на нивните сојузништва, рака под рака во бројни сомнителни тендери и афери, а сега откако се во опозиција се загрижени за транспарентност и злоупотреби.

    Или не се свесни за сопствената хипокризија, па не препознаваат или улогата на опозиција ја имаат сфатено како неприфаќање на секој предлог, на секоја иницијатива, што би можела да го подобри животот и да ја зголеми безбедноста на граѓаните.

    Еве тогаш да прашаме, дел од владината коалиција на СДС и ДУИ беше и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. Зошто не презеде ништо во 7 години власт за подобрување на безбедноста во сообраќајот?

    Измените на Законот за прекршоци кои беа неопходни за официјален старт на системот Безбеден град се усвоија во Собранието со 81 глас ЗА.

    81 претставници во Собранието, избрани од народот, сметале дека треба да се воведе сисемот Безбеден град.

    Ама, Венко и Али  сметаат дека тоа е не е добро за граѓаните.

    Сите развиени земји во светот имаат имплементирано ваков систем.

    На пример, во Дубаи постои ,,Смарт Дубаи“, официјална иницијатива на Владата на Дубаи, лансирана во 2014 година, со цел Дубаи да се трансформира преку технологија и дигитални иновации. ,,Смарт Дубаи“ вклучува и иницијативи за паметен сообраќај и мобилност, преку податочно-управувани системи.

    Еден од столбовите е безбедноста во сообраќајот.

    На Филипче со златна виза ова му одговара, ама граѓаните на Македонија да бидат безбедни, не му одговара.

    Едноставно е, треба само да пребараат на гугл, дека ваквите системи се гаранција за безбедноста на луѓето во сообраќајот во цел свет.

    И ова не е конструктивна опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.