Во Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои се оценуваат како еден од најголемите политички тестови за власта во последните 14 години. За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински, а право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.
Според првичните проценки на ИПСОС и Цесид, врз основа на обработен примерок, излезноста до 9 часот изнесувала 12 отсто, што е повеќе од двојно во споредба со изборите во 2023 година, кога во истиот период излезеноста била 5,3 отсто.
Izbori u Srbiji. Ogromne gužve na biralištima. Ovo je Novi Sad. https://t.co/rxsSMaHy55
— Istraga.ba (@IstragaB) October 25, 2026
Голем одзив е забележан и кај дијаспората, со стотици граѓани кои чекаат во редици да гласаат во Лос Анџелес, Чикаго и Париз. Во меѓувреме, во Рашка, каде што гласаат Србите од северно Косово, во првиот половина час од отворањето на гласачките места биле забележани големи гужви, при што две лица колабирале.
Novi Beograd vredno od ranog jutra 🫶🏻 https://t.co/dZOa1vJtec
— Student u svakom BLOKU (@studentubloku) October 25, 2026
Пријави за инциденти и изборни нерегуларности
Од теренот пристигнуваат и првите информации за проблеми и инциденти. Адвокатка и политичка активистка од Ниш изјави дека група од околу триесет лица упаднала на избирачко место во Дољевац, каде што физички ги нападнала присутните и го попречувала гласањето. Исто така, од Ужице беа пријавени доцнења при отворањето на одредени избирачки места и сомнежи за технички нерегуларности, додека надлежните институции сè уште ги утврдуваат деталите од пријавените настани.

