Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Изборниот ден стартуваше: Само 2,88% од гласачите го искористиле правото на глас

    (ВИДЕО) Изборниот ден стартуваше: Само 2,88% од гласачите го искористиле правото на глас

    02.11.2025 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Досега, до 9 часот, во вториот круг на локалните избори во Македонија гласаа 22.379 граѓани, што одговара на 2,88 отсто од запишаните гласачи, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје излезноста до истиот час е 2,46 отсто.

    – „Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори“, рече Кондарко.

    Единствено во Дојран, на избирачкото место 0385, поради технички проблем со смарт-картичка на уредот за биометриска идентификација, имало краток застој, кој е веќе решен, и гласањето продолжува непречено.

    Кондарко истакна дека тимови на ДИК во текот на денот ќе посетуваат избирачки места и општински изборни комисии без претходна најава, со цел да го набљудуваат текот на изборите. И по затворањето на гласачките места во 19 часот, ДИК ќе има тимови кои ќе го следат броењето на гласовите за поголема транспарентност.

    – „ДИК и во текот на денов е во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес од Јавното обвинителство, од превентивни причини. Доколку има потреба, уште во текот на гласањето или броењето ќе известуваат и ќе доставуваат доверлив изборен материјал“, додаде Кондарко.

    Во вториот круг денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, на 1.771 избирачко место. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани, меѓу кои 474.304 во Скопје.

    Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 11:30 часот, а првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Околу 23 часот ќе се одржи и нова прес-конференција со дополнителни информации.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.