Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, 67-годишниот Р.К. од населба Сингелиќ, скопско, откако наполнил гориво и го паркирал тракторот „имт“ со прикачена работна машина со скопски регистарски ознаки, застанал до тракторот кој во еден момент сам се придвижил и со задното трклало го прегазил, соопштија од МВР.
Притоа, Р.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 20:30 часот починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
- Ужас во Скопје: Трактор сам тргнал и го прегазил сопственикот
- 90 кг дрога имал во станот, 200 кг во шумата – Голема полициска акција кај Топола
- Мажи се степале за девојка, обезбедувањето се обидел да ги раздели по што го убиле – Хорор во регионот
- Поставувале недозволени стапици и ловеле диви животни: Двајца мажи од Демир Капија завршија во полициска станица
- Манасиевски: СДСМ фатени во лага, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ туку прекршочна санкција
- Мицкоски: Состојбата со енергентите во Европа е алармантна, но правиме сè во Македонија да нема поскапувања
- Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани
- Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

