Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани

    13.11.2026 во 12:47

    Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

    13.11.2026 во 12:34

    Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве

    13.11.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани
    • Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем
    • Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве
    • Јаневска во посета на Јапонија – Се договараат нови партнерства во образованието и науката
    • Мицкоски при пуштањето во употреба на градинката „Лавче“ во Инџиково: Продолжуваме да испорачуваме проекти
    • Од понеделник се отвора експозитурата на „АЛТА банка“ во Прилеп: Еве кои се лимитите за подигнување готовина
    • Честитка од Филипче за Денот на ослободувањето на Скопје: Ќе го вратиме градот на граѓаните
    • Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани

    Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани

    13.11.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со хуманост, солидарност и меѓугенерациско дружење, Општина Центар го одбележа 13 Ноември,  Денот на ослободувањето на Скопје. Традиционалниот хуманитарен фестивал „Симит и погача“ ги обедини граѓаните пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, а средствата собрани од базарот со домашни специјалитети се наменети за поддршка на повредените во пожарот во Кочани.

    „Овој голем ден за Скопје го одбележуваме со хуманост и солидарност, затоа што токму така се живее слободата. Хуманоста отсекогаш била во срцето на Скопје. Во тој дух сакаме да ја развиваме и нашата општина, како заедница во која солидарноста, грижата и човечноста се заеднички вредности. Ви благодарам на сите што сте дел од овој настан“, порача градоначалникот Горан Герасимовски, кој прв донираше.

    Под мотото „Младите за возрасните и возрасните за младите“, на манифестацијата учествуваа пензионери од Здружението на пензионери на Општина Центар, членови и почитувачи на Сојузот на борци, ученици од основните училишта и културни работници.

    Програмата ја отвори пензионерскиот хор „Елегија“, по што следуваа ученички хорски изведби, рецитали посветени на Скопје и музички точки. Пензионерите се претставија со рецитации и фолклорни изведби, а посебен дел од програмата беше посветен на историското значење на 13 Ноември и ослободувањето на градот.

    На хуманитарниот базар посетителите имаа можност да вкусат традиционална скопска симит-погача и други домашни специјалитети, подготвени од Активот на жени пензионерки од Центар и општествено одговорни компании, и да придонесат за поддршка на повредените во Кочани.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски за обвинувањата за урбанистичкото планирање: Го унаказивте Центар

    13.11.2026 во 11:42

    ФОТО: „Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена“ – Ѓорѓиевски со порака за Денот на ослободувањето

    13.11.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.