32-годишниот Мехмед Смечанин, познат како Меша, бил убиен ноќеска со огнено оружје пред угостителски објект во Сараево, Босна и Херцеговина, објави „Дневни аваз“. Според информациите, расправијата меѓу неколку мажи наводно започнала поради девојка, по што прераснала во физичка пресметка.
Смечанин, кој работел како обезбедување во објектот, се обидел да ги раздели учесниците во тепачката, но во тој момент бил застрелан во градите. Тој бил итно пренесен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде лекарите во 4 часот констатирале смрт.
Пукањето било пријавено во полицијата околу 2:30 часот на улицата „Змаја од Босне“. Според медиумските наводи, во него пукал Емил Тахировиќ, кој живеел во Германија, по што избегал од местото на настанот.
Полицијата привела 18-годишен германски државјанин, кој се наоѓа на криминалистичка обработка. Информацијата ја потврдила портпаролката на Обвинителството на Сараевскиот кантон, Азра Бавчиќ, а увидот го води надлежен обвинител. Смечанин бил оженет и зад себе оставил дете, додека пријателите се простуваат од него преку социјалните мрежи

