Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре, 03.10.2026 година, во периодот од 07:30 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од повеќе села во Општина Студеничани.
Како што е соопштено, прекинот ќе ги зафати населените места: Црвена Вода, Китка, Батинци, Студеничани, Морани, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Равни Габер, Палиград, Алдинци, Цветово и Драчевица.

