Утре без вода повеќе улици во Скопје

Од 8.30 часот утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на бул. „Партизански одреди“ односно блокот згради спроти Соборниот храм и дел од ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје  соопшти дека прекинот на водоснабдувањето е поради  уличен дефект од Ф-200 мм на ул. „Максим Горки“ бр.8 во Центар и ќе трае до негово санирање.

12.05.2022 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега