Хорор во Липница: Пет деца во тешка состојба, мајка им ги избањала со средство за паразити

 


Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити.

Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето.

Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.

„Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.

14.05.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега