Трамп: САД потрошиле милиони на избори во странство, а Русија само 2 долари во САД
САД потрошиле милиони долари мешајќи се во изборите ширум светот, а Русија само два во нашата земја, саркастично изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Дваесет и еден милион долари за гласачите во Индија. Зошто ни беше потребно да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па, тие веројатно се обидоа да изберат некој друг. Ова треба да и го соопштиме на индиската влада, бидејќи кога ќе слушнеме дека Русија потрошила околу две во нашата земја, тоа е голема работа нели? Москва објави реклама на интернет за две илјади долари и тоа е огромно достигнување. А ние 21 милиони доларии во Индија“, им откри Трамп на новинарите од Белата куќа.
Покрај тоа, американскиот лидер рече дека Вашингтон потрошил милиони долари на различни иницијативи во Камбоџа, Србија, Молдавија, Либерија, Бангладеш и Непал.
Трамп претходно потврди дека ќе ја укине американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Тој рече дека УСАИД е управуван од „куп радикални лудаци“ и е погрешно управуван.
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, изјави дека милијарди долари се даваат на левичарските невладини организации за спроведување на радикални политики во други земји и го наведе примерот на Западен Балкан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа