Уште еден кандидат влегува во трката за претседател на СДСМ

Јован Деспотовски веројатно ќе биде четвртиот кандидат за наследник на Заев. Тој денеска на прес конференција потврди дека сериозно размислува да се кандидира за лидер на партијата.

 

„Сериозно размислувам за кандидатура. Со 25 години поминати низ повеќе структури во партијата и покажани реални резултати верувам дека можам да понудам нов концепт кој ја обединува не само партијата туку и сите наши сограѓани со кои делиме заеднички вредности. Овој потег носи сериозна одговорност и големи предизвици. Ги правам последните анализи и консултации со семејството по што ќе ја донесам конечната одлука, изјави Деспотовски. 

Коментирјаќи ги друите кандидати, Деспотовски рече дека не е важно кој ќе биде лидер, туку каков ќе биде лидерот.

„Широчината во кадровската понуда за идниот лидер на партијата е еднакво важна и за квалитетот и за образот на партијата, но и за да ја испочитуваме и вреднуваме пораката која ни ја испратија гласачите на последните избори. Затоа е добро што се покажува дека во партијата има луѓе кои се подготвени да преземат одговорност но и товар во овие моменти. СДСМ и досега покажал дека е партија со интегритет, капацитет и подготвеност да интегрира и да обединува, вели Деспотовски. 

Доколку Деспотовски и официјално влезе во изборната трка тој ќе биде четвртиот кандидат по Ременски, Зечевиќ и Ковачевски.

02.12.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега