Планираната санација на заштитната ограда на мостот „Близнак“ е одложена, информираат од ЈП „Улици и патишта“.

Активностите требаше да се реализираат денеска, поради што беше најавено привремено затворање на мостот во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Од претпријатието велат дека дополнително ќе биде утврден нов термин за изведување на санацијата, а јавноста навремено ќе биде информирана за промената.

Exit mobile version