Системот „Безбеден град“ наскоро ќе може автоматски да препознава и мотоциклисти кои управуваат без заштитна кацига, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Станува збор за нова надградба на системот, која со помош на вештачка интелигенција треба да овозможи камерите да го регистрираат и неносењето кацига како сообраќаен прекршок.

Покрај автоматските контроли, МВР најавува и продолжување на засилените контроли на терен, со проверка на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, носењето кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Од 12 октомври системот „Безбеден град“ треба да почне да се применува и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Exit mobile version