Пејачката Анабела Атијас откри дека неодамна поминала низ две операции на очите, откако претходно не сакаше да открива детали за здравствената состојба.
Таа објасни дека станувало збор за рутински интервенции и дека закрепнувањето кај неа оди нешто поспоро поради состојбата на рожниците.
„Не е ништо страшно, станува збор за целосно рутинска операција. Само малку побавно се опоравувам поради состојбата на моите рожници, кои се повеќе оштетени“, открила Анабела.
Пејачката раскажала дека во период од само една недела имала две операции – прво на едното, а потоа и на другото око.
По интервенциите морала да избегнува силна светлина и чад, па одреден период поминувала повеќе време дома и носела очила за сонце.
Анабела сепак е оптимист и смета дека напредокот на медицината во иднина ќе овозможи уште поедноставни начини за регенерација и лекување на оштетените рожници.


