Close Menu
    Најново

    УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството

    17.01.2026 во 13:07

    „Летале“ со над 100 на час низ населено место: Полицијата приведе двајца возачи во Струга и Крива Паланка

    17.01.2026 во 13:02

    Велешанец со 2,5 промили алкохол се забил во мост – полицијата го приведе

    17.01.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството
    • „Летале“ со над 100 на час низ населено место: Полицијата приведе двајца возачи во Струга и Крива Паланка
    • Велешанец со 2,5 промили алкохол се забил во мост – полицијата го приведе
    • МВР исклучи од сообраќај екстремно пијани возачи
    • Нов скандал на Шар Планина: Обид за подмитување по нападот врз ренџерите – на сметката на Националниот парк легнале 300.000 денари без фактура
    • СДСМ најави вонредно обраќање на Венко Филипче
    • ОЈО поднесе обвинение: Мажот и жената кои го пренеле преку Табановце 18-годишникот кој усмрти жена во Скопје остануваат во притвор
    • Крвав инцидент пред училиште во Италија: Ученик избоден во вратот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството

    УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството

    17.01.2026 во 13:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

    Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.

    Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата.

    Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок.Во меѓувреме, додека трае постапката, УЈП презеде навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

    Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени.

    Популарно

    Важна информација од ЈСП до граѓаните

    16.01.2026 во 14:14

    ЈСП со важна информација за пензионерите и студентите – бесплатните билети ќе бидат автоматски блокирани

    15.01.2026 во 14:18

    Филмска кражба: Деветте запленети пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје

    16.01.2026 во 14:22

    Ужас во Чучер Сандево: Се заканувал дека ќе ги убие сопругата и ќерките, полицијата му пронашла автомат во домот

    16.01.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.