Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. И утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места е можна и појава на невреме со силен ветер и град.


