Додека многу почитувачи на ликот и делото на Ведрана Рудан, нејзини колеги и јавни личности се простуваа од писателката, Ива Алилoвиќ на својот профил на Инстаграм објави низа негативни забелешки и изјави кои наидоа на остри осуди во јавноста.

Со објавена црно-бела фотографија од починатата писателка, сопругата на прославениот хрватски ракомeтен голман Мирко Алилoвиќ, накратко и директно ја нарекла „глупача“.

Ива Алилoвиќ отворено ги сподели своите чувства кон писателката, пишувајќи дека Ведрана Рудан „не можела органски да ја поднесе“.

Коментирајќи го општествениот и политичкиот ангажман на Ведрана Рудан, Ива Алилoвиќ изразила надеж дека писателката ќе биде погребана надвор од Хрватска, односно во средина во која, според нејзиното мислење, се чувствувала поприфатено и поблиску. Таа ја обвинила Рудан дека „ја мразела својата татковина од дното на душата“.

Алиловиќ, приватна архива

Алилoвиќ дополнително споделила и текст од порталот „Народ“, во кој Ведрана Рудан е критикувана како „страстна атеистка која ја клеветела Црквата и го нарекувала папата Бенедикт XVI ‘челник на злосторничка организација’“.

Ведрана Рудан која беше позната како жена без влакна на јазикот, почина на 77-годишна возраст по боледување од рак.

Exit mobile version