Властите на Тајван наредија затворање на училиштата и сите канцеларии во јужниот дел од земјата поради интензивните дождови и исчекувањето на тајфунот што треба да го зафати северниот дел на островот подоцна оваа недела.
Обилните врнежи веќе предизвикаа сериозни проблеми во железничкиот сообраќај.
Според информациите, сите експресни возови ќе бидат целосно запрени, додека движењето на останатите возови ќе се одвива редуцирано и во зависност од временските услови.
Поради опасноста од невремето, во одделни делови на Тајван е упатен официјален апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Тајванската метеоролошка служба соопшти дека тајфунот „Саудел“, кој во моментот се движи кон јужниот дел на јапонскиот архипелаг Окинава, се очекува во петок да помине во непосредна близина на северен Тајван.


