Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Израел.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе се сретне со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, со кого ќе разговара за односите меѓу двете земји и можностите за нивно унапредување.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата ќе се разговара и за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес.

Предвидено е за време на посетата да бидат потпишани и неколку билатерални документи.

Exit mobile version