Рано утринава во село Бигла, Општина Делчево, е извршена детална проверка на теренот по големиот пожар што избувна вчера.

Од 5 часот наутро на локацијата се присутни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, информира дека заедно со стручни лица е направена проценка на состојбата, при што биле користени и снимки од дрон. На овој начин биле проверени и тешко достапните делови од теренот кои не можат целосно да се согледаат од земја.

Од Општината велат дека состојбата ќе се следи во текот на целиот ден и дека се одржува координација со надлежните институции за навремена реакција доколку има потреба.

Главен приоритет останува безбедноста на населението и спречувањето на евентуално повторно активирање на пожарот.

Exit mobile version