Close Menu
Press24
    Најново

    Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана

    12.11.2026 во 17:45

    Стоматолошкиот клинички центар со нова опрема: Современи услови за третман под општа анестезија

    12.11.2026 во 17:26

    Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција

    12.11.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана
    • Стоматолошкиот клинички центар со нова опрема: Современи услови за третман под општа анестезија
    • Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција
    • ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот
    • Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца
    • Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа
    • Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана

    Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана

    12.11.2026 во 17:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Шестмина од нив управувале моторно возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.Р. (36) од тетовското село Слатино, З.С. (34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од гевгелиското село Миравци, Е.Б. (24) и двајца 17-годишници од Скопје.

    Дополнително, полицијата извршила службен разговор со 14-годишник од Велес, во присуство на негов родител, бидејќи управувал мопед без возачка дозвола.

    Меѓу приведените се и В.К. (44) од Скопје и Н.С. (26) од Охрид, кои управувале моторно возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

    Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    Прочитај повеќе

    Татко ми ме тепа, мајка ми долго време психички ме малтретира – Тинејџерка од Скопје ги пријавила родителите во полиција

    12.11.2026 во 14:12

    Во продавница во Скопје пронајдено заталкано зрно – вработена го забележала куршумот

    12.11.2026 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.