Close Menu
Press24
    Најново

    Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција

    12.11.2026 во 17:12

    ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    12.11.2026 во 17:04

    УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот

    12.11.2026 во 16:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција
    • ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот
    • Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца
    • Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа
    • Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката
    • Полициска акција во Вашингтон по пукање во близина на Белата куќа, училиштата привремено затворени
    • Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција

    Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција

    12.11.2026 во 17:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација на Врховниот уставен суд на Арапската република Египет предводена од претседателот Булос Фахми Искендер оствари билатерална средба во Уставниот суд на Република Северна Македонија.


    На средбата се разговараше за актуелни прашања од областа на уставното право и уставносудската заштита. Претставниците на двата суда разменија искуства за нивните надлежности, организацијата и начинот на работа и ја истакнаа заедничката цел на двете институции, заштита на Уставот и демократијата и ефикасна заштита на слободите и правата на граѓаните. 

    Во фокус на дискусиите беа и можностите и ризиците од примената на вештачката интелигенција во работата на судовите.

    Со оваа билатерална средба продолжува спроведувањето на Меморандумот за соработка и разбирање, кој двата суда го склучија во Април оваа година во Каиро, за време на Деветтиот конгрес на врховните и уставните судови на африканските земји.

    Во состав на египетската делегација покрај претседателот се и заменик-претседателот на Врховниот уставен суд, Махмуд Мохамед Али Гонеим и шефот на протоколот, Мохамед Хасан. 

    На билатералната средба од Уставниот суд на Република Северна Македонија присуствуваа претседателот д-р Дарко Костадиновски учествуваа и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска и советничката за меѓународна правна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова.

    Билатералната средба се одржа на 11 ноември 2026 година во просториите на Уставниот суд и се реализира во пресрет на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, со кој годинава претседава Уставниот суд на Република Северна Македонија. Претседавањето ќе се финализира со  Меѓународна конференција на која ќе се обрати  претседателот Искендер и ќе говори на темата „Извршување на одлуките на уставниот суд од страна на државните власти“. Излагањето е дел од првата сесија, посветена на зголемувањето на јавната доверба во уставните судови.

    Прочитај повеќе

    ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    12.11.2026 во 17:04

    УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот

    12.11.2026 во 16:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.