Close Menu
Press24
    Најново

    Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката

    12.11.2026 во 16:16

    Полициска акција во Вашингтон по пукање во близина на Белата куќа, училиштата привремено затворени

    12.11.2026 во 16:00

    Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години

    12.11.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката
    • Полициска акција во Вашингтон по пукање во близина на Белата куќа, училиштата привремено затворени
    • Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години
    • Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година
    • Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен
    • Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково
    • Клековски: Вложени над 40 милиони денари во Стоматолошкиот центар, реновирана ординацијата за општа анестезија
    • Ристовска Додевски: Од бесплатен оброк за учениците до субвенција од 1.000 денари, уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката

    Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката

    12.11.2026 во 16:162 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обвинетите полициски службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски не биле однапред известени дека ќе учествуваат во контрола на кочанската дискотека „Пулс“, ниту пак им биле соопштени конкретните задачи пред да пристигнат во Кочани. Ова на денешното судско рочиште го изјави сведокот Драган Василески, виш инспектор за економски криминалитет во ОВР Пробиштип.

    Одговарајќи на прашања на одбраната, Василески посочи дека од тогашниот началник на ОВР Пробиштип добил наредба да предложи двајца инспектори за ангажман на подрачјето на ОВР Кочани, при што им било кажано во 20:30 часот со службено возило да се јават на бензинска пумпа во Кочани. Според него, ниту тој, ниту обвинетите не знаеле какви активности ќе извршуваат, не им било наложено да носат униформи, ниту биле запознаени со оперативен план или можни ризици.

    Сведокот додаде дека пред трагедијата воопшто не слушнал за дискотеката „Пулс“, а истото важело и за неговите колеги. Според разговорите што ги имале по пожарот, Арсовски и Милошевски првично биле распоредени на други локации, а околу 2:30 часот по полноќ заедно со полицајци од Кочани влегле во дискотеката за да проверат лице осомничено за поседување дрога.

    При проверката во близина на тоалетите била пронајдена сомнителна материја, а на излегување забележале дека гостите почнуваат да го напуштаат објектот и настанува метеж.

    Во паузата од судењето, во име на родителите на загинатите се обрати Александар Наунов, кој изрази незадоволство од сведочењата за усни наредби и недоволна информираност меѓу службите, нагласувајќи дека секое рочиште за семејствата значи повторно преживување на трагедијата.

    „Дали навремена координација, професионално постапување и организирање коридор за евакуација можеле да спасат животи“, праша Наунов, додавајќи дека семејствата ги преживуваат најтешките моменти од својот живот.

    Во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 лица, обвинети се вкупно 13 полициски службеници за непостапување согласно службените обврски и акцискиот план.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години

    12.11.2026 во 15:47

    Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година

    12.11.2026 во 15:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.