Уапсена 20-годишна девојка од Велес со дрога
Вчера во 19.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(20) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена зелена растителна материја.
Р.Д. била приведена во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори".
08.11.2024 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа