Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трипуновски за апсењето на директорот: Нема загрозеност за ИПАРД средствата, случајот да се истражи докрај

    Трипуновски за апсењето на директорот: Нема загрозеност за ИПАРД средствата, случајот да се истражи докрај

    08.11.2025 во 15:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска апелираше за темелна истрага на случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој (АПЗРР), кој беше фатен како прима мито од 400 евра за да овозможи нелегално користење на ИПАРД средства.

    Трипуновски беше дециден дека овој случај не претставува никаква закана за европските фондови:

    „Нема никаква загрозеност по ИПАРД средствата ниту по националните плаќања што ги имаме како држава.“

    Според министерот, апсењето на функционерот е доказ за неселективна борба против корупцијата, за разлика од претходната власт:

    „Владата покажува неселективна борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба. Ваквите случаи во минатото не се случуваа, некако претходната власт сакаше да го затскрие секој криминал. Под притисок на јавноста можеби ќе се преземеше некаков активност, повеќе шминка отколку дела.

    Министерот ги повика надлежните институции да го истражат целиот случај до крај за да се превенираат идни дејствија, а ги охрабри и граѓаните:

    „Ги повикувам сите граѓани, без разлика дали се правни или физички лица, доколку имаат индиции за вакви случаи, да ги пријават.“

    Во однос на барањето од опозицијата за негова оставка, Трипуновски не гледа никаква поврзаност, потенцирајќи дека Агенцијата е посебна институција со сопствен менаџмент и управувачко тело.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.