Осум лица, меѓу кои и високи раководители во Управата за јавни приходи (УЈП), попладнево добија мерка притвор од 30 дена по големата акција на ОЈО ГОКК. Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството поради опасност од бегство и влијание врз сведоци во истрагата која откри штета од фантастични 4,8 милиони евра (над 297 милиони денари) врз државниот буџет.

Шемата била предводена од српски државјанин, кој во соработка со двајца вработени во Регионалната дирекција Скопје на УЈП, формирал криминална група за даночно затајување и перење пари. При вчерашните претреси на 16 локации, истражителите запленија фиктивна документација, лажни печати, па дури и оружје.

Exit mobile version