Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, сподели преубава вест. Неговото семејство вчера стана побројно за уште еден член – по двете прекрасни ќерки, Тошковски доби син.
Веста ја сподели самиот министер на социјалните мрежи, не криејќи ја својата возбуда и благодарност за овој нов животен благослов. „Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. Голема радост и благодарност за овој благослов“, напиша Тошковски.


