СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И.(51) и М.Ќ.(66), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.
Првопријавената поднела барање до Основен суд Куманово за издавање потврда од Казнена евиденција за друго лице без негова согласност, без негов потпис или издадено полномошно. Второпријавената, самостоен судски референт на приемна писарница во судот, со невнимание и небрежност го примила барањето, не побарала на увид документ за лична идентификација и дозволила заведување и процесуирање на барањето.
Откако била издадена потврдата, првопријавената ја подигнала и употребила против лицето на чие име е издадена.
- Мицкоски најави мерки за да се спречи ценовен шок со нафтата
- Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна
- Поскапеа кафеаните
- Сообраќаен хаос на патиштата: Приведени малолетници, возеле без возачка и во спротивна насока
- Повторно трагедија на македонските патишта: Загина едно лице
- Тепачка во Ѓорче Петров: Син го нападнал татко си во дворот по жестока расправија
- Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје
- Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари


