Додека безбедносната состојба е под контрола, војната на Блискиот Исток ќе донесе економски притисоци, предупреди денеска премиерот Мицкоски. Најголем предизвик се очекува кај нафтената индустрија и цената на горивата, поради што Владата веќе ги разгледува сите опции за заштита на стандардот.
„Со Министерството за финансии ги разгледуваме можностите за намалување на акцизата и даноците за да го намалиме ударот врз граѓаните“, истакна Мицкоски. Тој појасни дека Македонија не е толку зависна од гасот, особено со крајот на грејната сезона, но дека притисокот врз цената на нафтата е неминовен и бара брза реакција на институциите.


