Љубителите на кафе и добра храна во рестораните ќе треба да одвојат повеќе пари. Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Овој тренд на поскапување не е нов, туку продолжува со слично темпо од почетокот на годината. Статистичарите пресметаа дека во првите два месеци од 2026 година, цените во угостителството се повисоки за 3,3 проценти во однос на истиот период лани, што претставува дополнителен удар врз домашниот буџет на граѓаните.


