Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска излезе со оптимистички бројки за состојбата на македонската економија, нагласувајќи дека градежниот сектор е главниот двигател на растот. Според него, во последниот квартал од минатата година, градежништвото забележало рекорден раст од 14,6%, што директно влијае врз засилување на домашната индустрија и трговијата.

„Бројките најдобро покажуваат каде се движи економијата. Имаме стабилен раст веќе шест квартали по ред“, истакна Стојаноски. Тој појасни дека градежништвото има огромен мултипликативен ефект – кога се гради, работа има и за транспортот, производството на материјали и услужните дејности, што создава нови можности за работа за македонските компании.

Exit mobile version