Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради невреме.
Најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираат од ЈСП и воедно се заблагодаруваат на разбирањето.


