Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати сериозни обвинувања до поранешната власт, тврдејќи дека СДС на Заев и Филипче функционирала како продолжена рака на режимите во Русија и Белорусија. Според Лефков, Македонија тогаш била претворена во хибриден режим кој наместо европски вредности, негувал блиски односи со луѓе поврзани со Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Лефков потсети на случаите со државјанството на Русинот Онишченко, кој избега од Украина поради корупција, и милионските тендери за почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски. „Сличноста меѓу Марковски и Онишченко води до ист заклучок – во времето на СДС се негуваа односи со луѓе од коруптивни шеми блиски до Москва и Минск“, дециден е пратеникот.

Exit mobile version