Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.Џ.(39) од Прилеп.

По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version