Close Menu
Press24
    Најново

    ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница

    30.10.2026 во 15:06

    Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“

    30.10.2026 во 14:52

    Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците

    30.10.2026 во 14:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
    • Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“
    • Серафимовски: Подготвуваме модел за системско поврзување на науката со поддршката за земјоделците
    • ДКСК го регистрира првиот странец лобист од Австрија во Македонија
    • 72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тревога на аеродром во Германија: Сомнителен дрон го прекина воздушниот сообраќај, го следеле и „Еурофајтери“

    Тревога на аеродром во Германија: Сомнителен дрон го прекина воздушниот сообраќај, го следеле и „Еурофајтери“

    13.10.2026 во 15:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Воздушниот сообраќај на аеродромот во германскиот град Нирнберг беше привремено прекинат по безбедносна тревога предизвикана од пријави за сомнителен летечки објект, за кој се претпоставува дека би можел да биде дрон.

    Според информациите што ги објави британски „Скај њуз“, сите дојдовни и појдовни летови биле суспендирани до понатамошно известување, додека германските безбедносни служби спроведувале проверки во околината на аеродромот.

    Инцидентот се случил непосредно пред планираното слетување на патнички авион што пристигнувал од грчкиот остров Крф. Портпаролот на аеродромот потврдил дека авионот безбедно слетал, но и дека бил следен од борбени авиони од типот „Еурофајтер“.

    Според германската полиција, тројца пилоти независно еден од друг пријавиле дека забележале сомнителен објект во близина на аеродромот, за време на операции на полетување и слетување, во периодот меѓу 2 и 4 часот по полноќ.

    Во потрагата бил ангажиран и полициски хеликоптер, но при проверките не бил откриен објект што би ги потврдил пријавите. Според најновото достапно известување на „Скај њуз“, полицијата соопштила дека по проверките на терен не е утврдена опасност и дека на патниците им било дозволено да го напуштат авионот, додека германските власти засега не потврдија намерно нарушување на безбедноста.

    Прочитај повеќе

    Превентивни мерки во Германија: Луксузните продавници ги заштитуваат излозите пред протестите на „Генерацијата З“

    30.10.2026 во 14:52

    Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток

    30.10.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.