Close Menu
Press24
    Најново

    Тренчевска: Предложивмњ тримесечна помош за ранливите категории и пензионерите, мнозинството го одби законот

    18.05.2026 во 13:17

    (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост

    18.05.2026 во 13:10

    Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија

    18.05.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Предложивмњ тримесечна помош за ранливите категории и пензионерите, мнозинството го одби законот
    • (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост
    • Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија
    • Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за правосудниот испит
    • (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии
    • Лоши вести за возачите: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат
    • Кривична пријава за даночно затајување: Буџетот оштетен за над 7,4 милиони денари
    • Сиљановска-Давкова со воени почести пречекана во Словенија, се сретна со Пирц Мусар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Предложивмњ тримесечна помош за ранливите категории и пензионерите, мнозинството го одби законот

    Тренчевска: Предложивмњ тримесечна помош за ранливите категории и пензионерите, мнозинството го одби законот

    18.05.2026 во 13:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потретседателката и пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница во образложението на Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, поднесен од пратеничката група на СДСМ, нагласи дека во ова време на криза најпотребни се таргетирани мерки за ранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека целта на законското решение е директна помош за граѓаните кои најтешко се справуваат со последиците од кризата.

    „Кога цените растат секој ден, за некои граѓани тоа значи помалку заштеда или одложување на некои трошоци. Но за најранливите тоа значи дилема: дали ќе купат доволно храна, дали ќе можат да ја платат струјата, лековите или основните потреби за своето семејство. Затоа државата мора да покаже одговорност, солидарност и грижа“, рече Тренчевска.

    Притоа, Тренчевска додаде дека таргетираните мерки не се само економска туку и социјална потреба, механизам преку кој државата обезбедува заштита, достоинство и минимални услови за живот за најпогодените наши сограѓани. 

    „Во време на криза најважно е никој да не биде оставен сам. Потребни се политики кои што ќе обезбедат сигурност, поддршка и надеж. Затоа таргетираните мерки не се привилегија, туку неопходност и инструмент преку кој државата покажува дека стои зад своите граѓани и дека се грижи за нивната иднина“, рече Тренчевска.

    Целта на предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани во услови на криза и постојано зголемување на цените на основните прехранбени производи, со цел полесно справување со ценовните шокови и последиците кои кризата ги носи. 

    „Со предлог-законот, односно со финансиската поддршка од 3.000 денари секој месец во наредните три месеци, да бидат опфатени: корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, односно деца со попреченост, корисници на правото на надоместок заради попреченост, односно лица со попреченост над 26-годишна возраст, корисници на гарантирана минимална помош“, рече Тренчевска.

    Воедно, со предлог законското решение е предвидена поддршка од 3.000 денари месечно за три месеци и за пензионери со пензија до 20.000 денари. Пензионерите со пензија од 20.001 до 22.000 денари да добиваат по 2.500 денари месечно, додека пензионерите со пензија од 22.001 до 25.000 денари да добиваат по 2.000 денари месечно. Предлог-законот предвидува и месечна финансиска поддршка во период од три месеци  за домаќинствата со ниски приходи, во зависност од нивната големина, кои освен приход по основ на плата немаат други приходи и сите живеат на иста адреса.

    „И тоа, 3.500 денари за домаќинства со пет или повеќе членови, со нето приход од плата до 68.000 денари; 3.000 денари за домаќинства со четири членови, со нето приход од плата до 62.000 денари; 2.500 денари за домаќинства со три члена, со нето приход од плата до 55.000 денари; 2.000 денари за домаќинства со два члена, со нето приход од плата до 45.000 денари; и 2.000 денари месечно за период од три месеци за домаќинства со еден член, со нето приход од плата до 30.000 денари“, рече Тренчевска.

    Покрај поддршката за овие категории на граѓани, предлог законското решение предвидува и финансиска поддршка од 3.000 денари месечно за период од три месеци и за жртвите на семејно насилство, евидентирани во центрите за социјална работа. 

    Иако Тренчевска во своето на обраќање на собраниската седница ги повика пратениците да го поддржат предлог законот, владејачкото мнозинство не гласаше за обезбедување финансиска поддршка за граѓаните кои се најмногу погодени од ценовната криза.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост

    18.05.2026 во 13:10

    Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија

    18.05.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.