Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во Чичино
    • Горештините убиваат – 35.000 жртви повеќе од лани
    • Засилени контроли на МВР: Казнети 965 возачи на електрични тротинети
    • Со полициско возило и без дозвола: Полицијата сопрела 17-годишник на булеварот „Илинден“
    • Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување камен-темелник за автопатот Скопје-Блаце
    • Физички нападнале 23-годишна девојка: Кривична за двајца тинејџери од тетовско Брвеница
    • Подгответе за гужви во Скопје: Утре доаѓа косовскиот премиер
    • МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Европејците се слаби, Русија има силна позиција во војната

    Трамп: Европејците се слаби, Русија има силна позиција во војната

    09.12.2025 во 17:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека европските држави покажуваат слабост во однос на војната во Украина и дека Русија има силна позиција во конфликтот. „Мислам дека тие (Европејците) се слаби, но исто така мислам дека сакаат да бидат политички коректни. Не мислам дека знаат што да прават“, изјави Трамп во интервју за британскиот портал Политико.

    Тој ги обвини европските лидери за недоволна активност и оцени дека имиграцијата ја загрозува стабилноста на повеќе земји во ЕУ. Трамп повтори дека инвазијата врз Украина „никогаш немаше да се случи“ доколку тој бил претседател во 2022 година, наведувајќи дека Киев изгубил „многу стратешка територија“ и дека можеби ќе мора да прифати компромис.

    Американскиот претседател смета дека Украина треба да одржи претседателски избори. „Мислам дека е важно да се одржат избори… Знаете, тие зборуваат за демократија, но во одреден момент, тоа веќе не е вистинска демократија“, рече тој, додавајќи дека Зеленски треба да ги разгледа најновите мировни предлози: „Треба да ги прочита. На неговиот тим му се допадна предлогот. Навистина им се допадна“.

    Трамп остро ги критикуваше и имиграциските политики на неколку европски влади, тврдејќи дека „катастрофалните одлуки“ ги промениле европските метрополи како Париз, Лондон и Стокхолм, и дека „Европа е во опаѓање затоа што ја водат слаби лидери“. Истовремено, ја потврди својата поддршка за одредени европски лидери, меѓу кои и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

    Тој нагласи дека нема намера да ги повлече САД од НАТО, но очекува европските земји „да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана“.

    На изјавите на Трамп реагираше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој од Даблин порача дека „сојузниците мора да се однесуваат како сојузници“. „Не треба да се мешаме во внатрешниот политички живот на нашите земји… Ние го почитуваме изборот на Американците и тие мора да го почитуваат демократскиот избор на нашите граѓани“, додаде Кошта.

    Кошта претходно во Брисел учествуваше на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Прочитај повеќе

    Горештините убиваат – 35.000 жртви повеќе од лани

    25.08.2026 во 18:17

    ЕУ ги менува правилата на проширување: Не сакаат тројански коњ

    25.08.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.