Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Државата не е подготвена за укинвање на техничката влада

    Трајановски: Државата не е подготвена за укинвање на техничката влада

    16.01.2026 во 10:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Трајановски, во вчерашното гостување на телевизија Алсат, нагласи дека лидерската средба, чија главна цел била укинување на техничката влада, не претставува вистински дијалог и дека СДСМ нема намера да биде алиби на однапред подготвените сценарија на власта.

    „Апсолутно немаме намера да даваме легитимитет и алиби на владејачката партија за нивните сценарија и укинување на техничката влада. Затоа и одлучивме да не учествуваме на таа лидерска средба, што по завршувањето на средбата се покажа како правилна одлука“, рече Трајановски.

    Во однос на укинувањето на техничката влада, тој предупреди дека државата не е подготвена за таков чекор и дека власта не е демократски зрела, имајќи ги предвид искуствата од последните локални изборни процеси.

    „За локалните избори знаевме какви притисоци се вршеа, особено во вториот круг, најмногу преку Министерството за внатрешни работи, особено во малите локални средини. Зар мислите дека сме зрели да ја тргнеме на страна техничката влада?“, рече Трајановски.

    Притоа, Трајановски потсети дека техничката влада е донесена со широк политички консензус и со поддршка од Европската Унија, со цел да се обезбедат регуларни избори.

    „Целта беше да се тргнат канџите од Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство – местата каде што се врши најголем притисок врз граѓаните, дали е тоа преку социјални трансфери, преку субвенции за земјоделството, и знаеме сите како преку МВР“, истакна Трајановски, додавајќи дека СДСМ останува цврсто на тој став и нема да отстапи.

    Во интервјуто, Трајановски посочи дека укинувањето на техничката влада, иако формално возможно поради постоењето парламентарно мнозинство, претставува директен удар врз демократијата.

    „Тоа е апсолутно некоректно и владејачката партија го има докажано тоа во неколку наврати. Ова е директен удар врз демократијата, исто како и резолуцијата за замолчување на опозицијата во Собранието“, рече Трајановски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.